Детали за имотот

 

  • Се продава двособен стан со површина од 46 м² во населба Кисела Вода, Скопје, на ул. Христо Татарчев.

    Основни информации:
        •    Површина: 46 м²
        •    Спрат: 4 кат со лифт
        •    Број на соби: 2
        •    Бања: 1
        •    Балкон: 1
        •    Паркинг: обезбеден
        •    Ориентација: запад
        •    Година на градба: 2012
        •    Станот се продава целосно наместен

    Правен статус:
    Станот е во нелегализирана зграда и нема имотен лист.
    Поседува комплетна документација (купопродажен договор, скици, изјави од инвеститор и друга документација).
    Сопственоста не е впишана во катастар, но правото на стан е признаено и може да се пренесе на трето лице со договор за пренос на право на користење и побарување, заверен на нотар.

    Зградата е целосно вселена и во неа живеат станари.
    Продавачот прифаќа предлози за цена.

    За повеќе информации и разгледување, пишете во порака.

Scroll to Top